The
Concept
Дупло Pop-Up претставува нов кафе концепт основан со цел да ja добилижи и презентира културата на specialty coffee на нов и иновативен начин преку мобилен кафе карт. Како резултат на веќе 3-годишното искуство во нашиот локал во Аеродром, Скопје, Дупло Pop-Up е екстензија на нашата кафе приказна. Нашиот кафе бар е изработен локално од високо квалитетни материјали.





Where can you
find us?
Нашиот главен концепт се фокусира на угостителски услуги поврзани со specialty coffee. Достапни сме во областа на Град Скопје, регионот, како и низ целата држава. Без разлика дали се работи за настан од корпоративен аспект, забава, свадба, културен настан, конференција, настан за вашите вработени, промоција на вашиот продукт или настан на отворено, тука сме да донесеме уникатно кафе искуство.
Our Cart, Coffee
and Equipment
Нашиот стил на работа се базира на комбинација на дизајн, функционалност, естетика и квалитет на материјалите со кои секојдневно сме во допир. Водени од овие вредности, кафе-барот на Дупло е дизајниран и изработен според високи стандарди, користејќи квалитетни материјали и обрнувајќи посебно внимание на сите детали.
La Marzocco Linea Mini Florentine Edition е нашиот кафемат, рачно изработен во Фиренца, Италија и е дел од специјалната едиција на LM. Со својот елегантен дизајн и перформанси, оваа машина не само што нуди извонредно еспресо, туку преставува и вистински визуелен печат на секој настан.
Weber-The Key Оригиналниот KEY интегрираше конусен нож од 83 мм од Мазер, во најкомпактен дизајн што заштедува простор. Создаден од инженерите и дизајнерите зад iPod nano, покрај својот беспрекорен дизајн и функционалност ни овозможува почист, понијансиран вкус со помалку горчливи или кисели ноти, бидејќи конзистентната големина на мелење овозможува побалансирана екстракција.
Our Services
Мени креирано врз база на Вашите потреби. Основата на нашите кафиња е еспресо, направени од избор на кафиња од различни региони од светот. Во склоп на нашето мени, можете да изберете еспресо, еспресо со млеко (latte), американо и филтер кафе. Нудиме и алтернативни опции со веганско млеко.
Со нетрпение очекуваме да слушнеме од Вас, воедно сме отворени за сугестија и взаемна комуникација.
OUR CLIENTS & COLLABORATORS






